Home Настани НУ Музеј Куманово со награда на интернационален фестивал КАМЕРА 300

НУ Музеј Куманово со награда на интернационален фестивал КАМЕРА 300

1843
0

Документарниот филм  “ Неколку цркви од Кумановско со царски двери во резба’’, на авторот Валентина Андреиќ, виш кустос историчар на уметност во НУ Музеј – Куманово, се здоби со Специјална плакета за трајни вредности, на 30 јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм КАМЕРА 300, во Битола.

Овој фестивал се одржа на 28 и 29 октомври 2022 година , а учество зедоа 40 документарни филма од  11 држави од Европа (Велика Британија, Турција, Бугарија, Словенија…) и 1 филм од Америка.

Овој фестивал се одржува во рамки на програмата на градот Битола по повод 4 ноември, денот на ослободувањето на градот. Наградите ги додели заменик градоначалникот на Битола Г-н Бојан Бојкоски.

Инаку овој фестивал е исклучиво за културни цели и како таков ја негува традицијата и културните вредности на народите.

Документарниот филм “Неколку цркви од Кумановско со царски двери во резба“ е проект подржан од Министерството за култура на РС Македонија за 2022 година. Документарниот филм е изработен во соработка со Тв Плус од Куманово

Во филмот се обработени 5 цркви и тоа: Св. Богородица во Пчиња, Св. Никола во Винце, Св. Илија во Живење, Св. Никола во К’шање и Св. Атанасиј во Кокошиње.

Главен и одговорен уредник – Мери Николиќ, директор на НУ Музеј Куманово,

Сценарио и режија: Валентина Андреиќ,

Соработници од НУ Музеј Куманово:

Славица Крстиќ, Валентина Илиевска, Данијела Даиловска и Мирослав Петковски

Музика: Летка Димовска Полизова, уметнички раководител на женски камерен хор „Св. Злата Мегленска“ од Скопје

Снимател и монтажер: Александар Гелевски од Тв Плус Куманово

Наратор: Драган Ивановски од Тв Плус Куманово