Home Настани
540
0

На 07.10.2022 година (петок) во 12 ч.во просториите на НУ Музеј Куманово ќе биде поставена изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“ од авторот Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп,

Изложбата се организира по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Претседателот на Президиумот на Првото заседание на АСНОМ, борец, деец и поборник за самостојност на Македонија, Методија Андонов – Ченто, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

Изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“ вклучува 200 хронолошки подредени фотографии каде е застапен ликот на Ченто,членови на неговото семејство, негови соработници и има за цел да го следи неговиот бурен живот исполнет со голем број активности, но и фотографии кои ,,зборуваат” за ,,животот на ЧЕНТО и после смртта”. Изложбата е овековечена и преку фотомонографијата со истоимен наслов збогатена со хронологија на настани и голем број активности на Ченто.

Престојната изложба е во знак на празникот 11 Октомври- Денот на македонското востание.

Национална установа Музеј Куманово ги поканува граѓаните да ја посетат изложбата која ќе биде поставена од 07.10.2022 до 19.10.2022 година.

Претходна објава‘’ Погледни во минатото, креирај ја сегашноста’’
Следна објаваНУ Музеј Куманово со награда на интернационален фестивал КАМЕРА 300