Home Едукација ‘’ Погледни во минатото, креирај ја сегашноста’’

‘’ Погледни во минатото, креирај ја сегашноста’’

1365
0

Под мотото ‘’Одржливо наследство’’ во рамки на овогодинешните  Европските денови на културното наследство во НУ Музеј Куманово се одржаа детски едукативни работилници со наслов ‘’ Погледни во минатото, креирај ја сегашноста’’ за учениците од нижите одделенија.

Богатата агенда на НУ Музеј Куманово успешно го наполни музејот со над 100 тина деца учесници во програмата. Тие се запознаа со грнчарството како еден од главните занаети во минатото преку стручното водење на виш кустос етнолог Мартин Наковски, презентација на етнолошки филм, а имаа можност и самите да создат свое дело од глинамол под водство на кустосите ист. на уметност Неда Митковска и Габриела Митевска.

Благодарност до основните училишта ‘’Крсте Мисирков’’, ‘’Браќа Миладиновци’’ и ‘’Кочо Рацин’’ , особено наставничките Ивана Ивановска – Пешиќ, Хилда Димитриевска, Ирена Анастасовска и Лила Тимчевска кои зедоа учество во проектот.

httpss://www.facebook.com/media/set?vanity=KrsteMisirkovKumanovo&set=a.502341978568532

httpss://www.facebook.com/photo?fbid=550155676914076&set=pcb.550156310247346