Home Публикации Упатство за музејски гласник бр. 14

Упатство за музејски гласник бр. 14

1210
0

 Почитувани колеги,

Редакцискиот одбор (РО) на НУ Музеј – Куманово, Ве поканува да земете учество како автори со свои трудови во МУЗЕЈСКИ ГЛАСНИК  бр. 14, по можност поврзани со кумановскиот крај. Во изготвувањето на прилозите, Ве молиме да се придржувате до наведеното упатство.

Упатство-за-музејски-гласник-14

1. Текстот треба да биде доставен во MS WORD, фонт Times New Roman со кирилична поддршка, со големина на букви 12, проред 1,5 и не подолг од 16 страници. На крајот од трудот треба да се изготви резиме кое ќе биде доставено посебно, заради превод. Доколку користите старогрчко и старословенско писмо или други специфични писма, треба да се користи истиот фонт, со избор на симболи од менито. Пагинацијата се става долу, десно од страницата.

2. На првата страна сосема горе, лево се пишува име и презиме на авторот (со големи букви), а под него полното име на институцијата (со мали букви). Насловот на текстот се пишува на средина со големи букви.

Пример:

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

НУ Музеј – Куманово

НАСЛОВ  НА ТРУДОТ 

(Ве молиме за пократки и поконцизни наслови)

3. Забелешките (фуснотите) се внесуваат долу, на крајот од страницата. На крајот од текстот се доставува комплетна литература (библиографија) во изворна форма. Библиографските единици се наведуваат по азбучен редослед на презимињата на авторите.

Пример за наведување литература:

–           Темелковски, Д., 1999, Енеолитска населба, Крушеанска Чука, Macedoniae Acta Archaeologica (МАА), Скопје;

Во фуснота:

–           Темелковски, Д, 1999, 39, сл. 9;

Ако се двајца автори, се одделуваат со црта. На пример:

–           Темелковски, Д. – Станковски, Ј., 2008, Праисториски наоѓалишта во Македонија, Куманово;

4. Фотографиите или скенираниот материјал се предаваат во ЈПГ или ТИФ во дигитална форма, да бидат означени со нумерација во текстот и во легендите. Плановите, таблите и скиците на паус или хамер со туш или молив да се назначат јасно и со нумерација.

5. На крајот од текстот, оставете ја вашата адреса, домашна или на институцијата, телефон или е-mail, заради комуникација со секретарот или еден од членовите на Редакцискиот одбор.

6. Сите пристигнати текстови ќе подлежат на оценка на рецензенти, кои се одредени од Редакцискиот одбор на изданието. Авторите ќе бидат известени за мислењето на рецензентите, по што сите текстови ќе подлежат на лектура. Текстовите кои не ги запазуваат наведените критериуми ќе бидат вратени.

7. Авторските хонорари не се плаќаат, а авторите добиваат бесплатно по пет примероци.

8. Трудовите да бидат доставени најдоцна до 31.07.2022 година, во електронска форма, , на: e-mail адреса:

                            muzejkumanovo64@gmail.com

  • Трудовите добиени по 1 август, нема да бидат разгледувани !

9.Лица за контакт:

  • .Славица Крстиќ, секретар на РО

Тел. 075 / 290 – 924

  • Дејан Ѓорѓиевски, член на РО

Тел. 075/ 290 – 936

  • Неда Митковска, член на РО

Тел. 077/ 713 – 147

                                             Ви благодариме за соработката,

                                                   РО на НУ Музеј Куманово