Home Уметничка Галерија Отворена изложба со наслов Фем(М)арт

Отворена изложба со наслов Фем(М)арт

985
0
За прв пат во чест на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, НУ Музеј-Куманово организираше ликовна изложба “Фем (м) Арт“, со која го одбележа овој убав ден.
На изложбата можат да се видат дела од реномирани жени – авторки, кои оставиле силен печат на македонската ликовна сцена, но и помлади авторки кои се во процес на градење на својата ликовна кариера.
Всушност, делата се дел од ликовниот Фонд на НУ Музеј – Куманово и хронолошки опфаќаат еден широк временски распон од 70-те години на 20 век, па се до 2021 година.
Селектирани авторки: Ана Темкова, Вана Урошевиќ, Симонида Филипова Китановска, Жанета Гелевска, Микица Трујкановиќ, Тања Балаќ, Гордана Даутовска, Кристина Божурска, Марина Цветановска Мартиновска, Лилјана Кекеновска Пауновска, Маријета Сидовски, Мирјана Крстева Массетти, Андријана Мациев, Марија Марковска, Анка Столковска, Маргарита Аврамовска, Ивана Тушевска, Валентина Илијевска, Тања Соларска Темелковски, Ангелина Поповска, Наташа Серафимовска, Мирослава Цветковиќ, Бисера Младеновска, Кристина Хаџиева, Марија Мицова Гацова, Мила Трендафиловска, Ивана Настески, Симона Јакимовска и Марија Трајаноска.
Изложбата ќе биде отворена до крајот на месецот.