Home Настани Работна посета на вработените во Народен музеј Лесковац

Работна посета на вработените во Народен музеј Лесковац

1173
0

Вработените од Националната Установа музеј Куманово во рамки на Европските денови на културно наследство за 2022 година беа во посета на локалитетот Царичин град, општина Лебане и на Народниот Музеј во Лесковац.

Овогодинешното одбележување беше под мото „Одржливо наследство“.

Европските денови на културнотo наследство претставуваат нajшироко прифатен партиципативен културен настан којшто го споделуваат граѓаните на Европа. Со повеќе од 70.000 настани што се организираат во педесетте земји – потписнички на Европската културна конвенција, оваа сеевропска иницијатива има за цел да ја подигне свеста кај пошироката јавност за заедничкото – европско наследство.

Во текот на повеќедецениската реализација, Европските денови на културното наследство пераснаа во најголем европски проект поврзан со наследството, којшто успешно ја промовира инклузивноста и ја поттикнува креативноста и имагинацијата на граѓаните на Европа.