Националната установа Музеј Куманово, во соработка со Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичката војна (1941-1945) од Куманово, денес во Куќата-музеј на Христијан Тодоровски – Карпош одржа настан за одбележување на годишнината од неговото херојско загинување.

Настанот беше организиран како потсетување на ликот и делото на овој народен херој, кој својата младост ја вложи во борбата за слобода и независност на македонскиот народ.
Програмата вклучуваше полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјето, историски реферат за значењето на ликот и делото на Карпош. Во рамки на одбележувањето, ученици и граѓани имаа можност да ја посетат постојаната музејска поставка во Куќата-музеј, каде што се изложени лични предмети, фотографии и документи поврзани со животот и делото на Хритијан Тодоровски- Карпош.

Настанот заврши со порака за значењето на одржувањето на историското сеќавање и вредностите на слободата и антифашизмот.
Оваа одбележување има за цел да ги едуцира младите генерации и да ја продолжи традицијата на почитување кон личностите кои го дале својот живот за иднината на Македонија во Народноослободителната борба.






