Музејот е основан во 1964 година и од тогаш, преку своите изложби и активности, игра важна улога во чувањето на историските сведоштва, уметничките и етнолошките колекции. Тој е дом за бројни археолошки, етнолошки, историски и уметнички предмети кои ги отсликуваат различните периоди од развојот на кумановскиот регион.
Национална установа Музеј-Куманово во месец декември одбележува 60 години од своето постоење.
Музејот е еден од најзначајните културни центри на нашата република, и има долгогодишна традиција во собирање, чување, истражување, документирање и презентирање на културното наследство на Куманово и неговата околина. Во континуиран растеж , преку своите изложби, промоции, едукативни програми и други културни и уметнички активности, НУ Музеј Куманово ја докажува својата трајна посветеност кон збогатувањето на индетитетот на Куманово и Македонија-изјави Марија Живачки, В.Д. директор на НУ Музеј Куманово.
По повод 60-годишниот јубилеј, Музеј-Куманово подготви специјална програма за љубителите на културата :
- Изложба, Сеќавања на археолозите Блажо Ѓеорѓиевски, Ленка Трајковска и Јовица Станковски, Уметничка галерија Куманово,
- Изложба на академски сликар Синиша Кашавелски, Уметничка галерија Куманово,
- 60 години jубилеј Национална установа музеј Куманово – развој на музејот и неговите постигнувања, Уметничка галерија Куманово,
- Изложба, 50 години jубилеј Ликовна колонија “Куманово“(1974-2024), Уметничка галерија Куманово.