Изложба посветена на животот и трудот на тројца истакнати археолози: Блажо Ѓеорѓиевски, Ленка Трајковска и Јовица Станковски и нивната несебична посветеност и значајните достигнувања во областа на археологијата, со што оставија трајна трага во проучувањето и зачувувањето на нашето културно наследство.
Преку фотографии изложбата ги истакна нивните најголеми проекти и откритија, како и инспиративните приказни за нивната работа.
Автор на изложбата е Мирослав Петковски- виш кустос археолог.
Проектот е финансиран од Министерство за култура и туризам, а подржан од НУ Музеј Куманово.