ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОТКУП НА ЕТНОЛОШКИ МАТЕРЈАЛ ОД АЛБАНСКА ПРИПАДНОСТ
Почитувани,
НУ Музеј Куманово како установа има за цел да ги презентира културните вредности на нашиот град и државата.
За таа цел НУ Музеј Куманово ги повикува граѓаните да дејствуваат во подигање на свеста за значењето на културното наследство и преку откуп или донација да придонесат музејот да се збогати со вредни етнолошки предмети од албанска припадност како што се делови од традиционалната албанска носија ( женска, машка и детска) од кумановски и липковски регион.
Во период од 24.06.2024 година до 10.07.2024 година ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да ги донесат своите предмети во службените простории на НУ Музеј Куманово на ул.Доне Божинов бр.24 Куманово или да се јават на тел.бр.075 273 681 лице за контакт Надица Петковиќ.