Home Етнологија Модна ревија “Матурска рапсодија”

Модна ревија “Матурска рапсодија”

1255
0

Развојот на модата и модните трендови го илустрираме со моделите на 60 –те години па се до ден денес, до современите креации на дизајнерите на едно ново време, инспирирано од актуелната мода. Во тренд се три должини, мини, миди и макси здолништа. Хипи субкултура станува раширена и стои во борба за мир, слобода, љубовта се провлекува и се отфрла кодексот на модерното друштво.

   

Се формира нова мода со додавање на етнички мотиви, елементи на фолклор, лелеави и лабави стилови. Во 70-те години изразена е женственоста, раширена силуета,елегантни фустани со светли бои, здолништа со низок струк, широки ракави.

Кон крајот на 70 години, карактеристичен е диско стилот, екстраваганција, шик и сјај. Прозирни светкави фустани во комбинација во  со шминка која одговара на самиот стил. Тој стил ќе се провлекува низ 80- те со некои мали надополнувања во моделите  на фустаните, шминката и фризурата.

80- те години се декада која секогаш не инспирира и ни нуди толку извонредни трендови кои ние и ден денес ги рециклираме се повеќе. Модата е со нагласени раменици, елегантни фустани,мини здолништа и  многу накит. Модните икони како Мадона, Тина Тарнер и Шер, ќе го наметнат својот стил и нивните комбинации и денес се релевантни и ни служат како инспирација за непогрешливи оutfite.

Стилот на 90- те години зад себе остава флуоресцентни и премногу светкави бои.Иако е точно дека тоновите обично се комбинираат, но тоа се прави на порелаксиран начин. Едноставност во изгледот и удобноста беше основа на оваа ера, полна со големи трендови кои сеуште остануваат во нашата сегашност. Фустани со лесен цветен принт и со минимален крој, чевли со висока потпетица. Сите овие стилови во различни комбинации ќе се провлекуваат во наредните години до ден денес.

Дизајнерите на новото време, својата инспирација ќе ја побараат токму во овој период на модното живеење во 60, 70, 80, 90 –тите години, но оставајќи и свој личен белег. Во ерата на еманципацијата на жената во различни периоди, на модната сцена се провлекува женственоста, заводливоста, слободата. Внатрешната емоција е таа која ќе ги води во креирањето и инспирацијата на новите модели.

Модните трендови  од 60, 70. 80, 90- те години до ден денес прикажани преку облековните елементи на градската мода ќе останат како трајно сведоштво за времето одминато, но сепак сочувано во сеќавањата и приказната на градските семејства.

За проектот говореше м-р Славица Христова, вработена како советник-етнолог во Музеј на град Скопје

Настанот беше организиран од страна на Националната Установа Музеј Куманово, поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, во знак на 18 Мај- Меѓународен ден на музеите од страна на советник-етнолот м-р Анита Стојчевски, вработена во НУ Музеј Куманово.