Home Настани Од отворањето на изложбата “Бисери на резбата во Kумановско“

Од отворањето на изложбата “Бисери на резбата во Kумановско“

1349
0

На 24.11.2022 година беше отворена изложба со наслов “Бисери на резбата во Kумановско“ од авторот Славица Крстиќ, кустос советник, документатор, историчар на уметност во НУ Музеј Куманово, која воедно претставува и завршница на нејзината долгогодишна работа и придонес во културата, уметноста и музејската дејност.

Во својот работен стаж Славица Крстиќ има постигнато големи резултати во повеќе области од музејската дејност.

  • Евиденција и документација на музејски материјал;
  • Теренски истражувања;
  • Изложбена и издавачка дејност на христијанските и исламските сакрални градби во Кумановскиот регион;
  • Има објавено над 40 статии во музејските гласници во РС Македонија и надвор од државата како и 9 каталози од сите сфери на историјата на уметноста;
  • Автор е на три монографии: Цркви и манастири во Кумановско (2012); Трајко Муфтински – првиот академски сликар и зограф од Куманово (2020); и Цркви и манастири во Жеглигово (2021).

За својот напорен ангажман сите овие године, оправдано е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои:

  • Два пати е наградувана за најдобар музејски проект на годината (2009 и 2021) и прогласена за Музејски работник на годината токму во време на пандемијата – 2020 година, од страна на МНК ИКОМ;
  • Добитник е на највисокото општинско признание – Ноемвриска награда во 2014 година, од областа на културата;
  • А, учествува и на бројни меѓународни симпозиуми давајќи свој придонес во областа на културното наследство во Куманово и Кумановско.

П.С. Среќни и исполнети пензионерски денови

 од Колективот на НУ Музеј Куманово