Home Uncategorized Изложба на слики од ликовна колонија „Куманово 2021“

Изложба на слики од ликовна колонија „Куманово 2021“

1698
0

Во Лапидариумот на Националната установа Музеј – Куманово беше отворена изложба на дела од интернационалната ликовна колонија „Куманово 2021“.

На изложбата беше презентирана целокупната продукција на дела изработени минатата година во Меморијалниот комплекс на АСНОМ во Пелинце.

Публиката имаше можност да види повеќе од 30 ликовни дела – слики, масло на платно и комбинирани техники од 15 академски ликовни уметници, учесници на колонијата во 2021 година, како од Република Северна Македонија, така и од соседството и регионот: Србија, Бугарија, Хрватска и БИХ.

Делата се на: Тања Соларска Темелковски , Ивана Тушевска, Стефан Младеновски, Марија Трајаноска, Мирослав Величковски, Ивана Настескии Дејан Божиновски од Македонија, Јелена Враговиќ, Небојша Ѓурановиќ, Владимир Илиќ, Маријана Ракичевиќ и Звездана Ѓериќ од Србија, од Хрватска, Леа Цепиќ, Панта Пантиќ од Бјелина ( БИХ) и Небојша Станков од Бугарија.

На изложбата гости беа и овогодинешните учесници на ликовната колонија, кои моментално работат и творат во ресторантот Грација во Куманово.

Изложбата е во организација на Музеј – Куманово и Општина Куманово,а ликовната колонија „ Куманово “финансиски е поддржана од општината Куманово и Министерството за култура на РС Македонија.

Таа се организира од 1974 година со што се вбројува во редот на најстарите ликовни манифестации во државата. До сега на колонијата поминале голем број на реномирани автори како од нашата земја, така и од целиот свет. Оставиле богат фонд на дела кој ја надминува бројката од 600 слики и скулптури.