Националната установа Музеј Куманово со повеќе културни активности го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 мај.
На 16.05. во Уметничката галерија беше отворена ретроспективно-монографска изложба на Димитар Стојчевски – експресионист според сликарскиот темперамент, а лиричар според својата душа. Автор на монографијата и куратор на изложбата е Гоце Божурски.
Во среда со почеток 10:00 часот во Лапидариум на НУ Музеј Куманово се одржа промоција на едукативно видео “Нашето културно наследство”.
Во четврток во 12:00 часот во Занаетчиски Дом, Куманово, беа промовирани монографиите на „Добри Трендафиловски Добрин“, „Исени Реџаи“, „Ѓорѓе Шијаковиќ“ и „Димитар Стојчевски“, објавени во рамките на ретроспективно-монографските изложби на уметниците, како и книгите „АртМемориам“ и „Наива“ во која се опфатени триесеттина автори кои припаѓаат на нашата наивна уметност, од авторот Гоце Божурски.
Во петок во 11:00 часот во Занаетчиски Дом, Куманово, беше одржана промоција на Музејски гласник број. 12 и 13 по повод 55 години НУ Музеј Куманово (рецензен д-р Звонимир Николовски). Промоција на монографии „Трајко Муфтински” (рецензент д-р Дафина Герасимовска) и „Цркви и манастири во Жеглигово” (промотор д-р Сашо Цветковски и д-р Звонимир Николовски), од авторот Славица Крстиќ. како и промоција на документарен филм од област на историја на уметност: „Ориентални влијанија на поствизантиските цркви во Кумановско“ од авторот Валентина Андреиќ.