Home Археологија Завршени геофизички истражувања на НУ Музеј Куманово

Завршени геофизички истражувања на НУ Музеј Куманово

301
0

НУ Музеј Куманово, во партнерство со Археолошки Музеј на Република Северна Македонија, заврши со реализација на проектот „Дигитализирање на археолошки содржини на лок. Градиште – Мл. Нагоричане и Црквиште – Клечовце“. Преку оваа соработка, се изврши скенирање на повеќе од 8 км површина со користење на најсовремена технологија на Георадар во сопственост на Археолошкиот музеј.

Локалитет Градиште – Младо Нагоричане претставува богато наоѓалиште од хеленистичкиот период, со добро сочувани структури, кои се забележуваат на снимките. Снимањата беа концентрирани на Долната тераса, каде што во последно време се вршат ископувањата, и каде што треба да се добие план за насоката на идните истражувања.

Локалитет Црквиште – Клечовце, претставува населба од доцноримскиот период, на која целосно е истражена ранохристијанска црква со придружните објекти. Снимањата беа насочени на повеќе сегменти од населбата, а беа базирани врз претходните истражувања – рекогносцирања, преку кои е утврдена густината на распространетост на наодите. Сознанијата ќе се користат за планирање на идните локации за истражување.

Инаку, и двата локалитети и претходно беа цел за геофизички снимања, како од средства на Министерството за култура, така и од меѓународната соработка. НУ Музеј Куманово останува една од ретките институции која е посветена на употреба на модерните технологии во склоп на археолошките истражувања, како пракса која веќе со децении е воспоставена во развиените земји.

Истражувањата беа финансирани од Министерство за култура на РСМ, под раководство на Дејан Ѓорѓиевски и Мирослав Петковски, а со георадарот работеше Радомир Ивановиќ од Археолошки музеј на РСМ.

Резултатите ќе бидат публикувани во најскоро време

Претходна објаваНУ Музеј Куманово со награда на интернационален фестивал КАМЕРА 300
Следна објаваПирајхме 2