Три манастирски цркви во Кумановско, од преродбенскиот период

Nov 28, 2025
Три манастирски цркви во Кумановско, од преродбенскиот период

Промоција на документарен филм "Три манастирски цркви во Кумановско, од преродбенскиот период"

Промоција на документарниот филм ,,Три манастирски цркви во Кумановско, од преродбенскиот период“, проект подржан од Министерството за култура и туризам за 2025 година.

Промоцијата ќе се одржи на 01.12.2025 година, во 19 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово. Автор на филмот е Валентина Андреиќ, виш кустос историчар на уметноста, а негов промотор ќе биде Славица Крстиќ, советник документатор, историчар на уметноста. Филмот е произведен во соработка со ТВ Плус од Куманово.

  Низ културно историски осврт, во филмот се опфатени црквите од Бељаковски манастир, Градишки манастир и Манастир Забел. Забележани се архитектонските белези, како и иконописот и фрескоживописот изработени од познати македонски зографи.

   Документарниот филм ја има добиено наградата ,,Златна плакета Камера   300“ на 33 издание на Меѓународниот фестивал на аматерскиот документарен филм Камера 300 во Битола.

Gallery