Сподели богатство – Музеј од А до Ш

May 4, 2022
Сподели богатство – Музеј од А до Ш

Денес НУ Музеј Куманово организираше едукативна работилница на тема: „Македонската азбука и нејзините почетоци преку музејски предмети од историската збирка“.

Наменета беше за најмалите деца од училишна возраст, со едукативни активности од страна на кустосите вработени во музејот.Настанот се одржа во лапидариумот, а беа изложени ликовни дела од работилницата на средношколците од кумановската гимназија на тема „Народното творештво.“