Годишна програма за работа на НУ Музеј Куманово за 2026 година

Mar 13, 2026

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА МУЗЕЈ КУМАНОВО ЗА 2026 ГОДИНА

В.д. директор на Национална установа Музеј Куманово донесе Годишна програма за работа на установата за 2026 година изготвена согласно Решение бр. УП 11 31-727/2025 од 17.02.2026 година донесено од страна на Министерството за култура и туризам за вкупно 24 проекти кои ќе бидат поддржани од страна на Министерството за култура и туризам.

 

I. Проекти од национален интерес во културата за 2026 година од областа на музејската дејност и заштита на нематеријално културно наследство

1.1 Систематски археолошки ископувања на локалитет Градиште во Бислимска клисура, с. Пчиња
250.000 денари

1.2 Систематски археолошки ископувања на локалитет Градиште во Мл. Нагоричане
250.000 денари

1.3 Традиционална исхрана кај Албанците во Куманово
50.000 денари

1.4 Ревијално прикажување на модните трендови од Ала Турка, Ала Франга
80.000 денари

1.5 Преродбенска црква Св. Никола во Куманово
30.000 денари

1.6 Надградба и одржување на дигитален систем на музејска документација
30.000 денари

1.7 „Велигденска работилница во музеј“
50.000 денари

1.8 Едукативна сликовница „Јазикот е моето културно наследство“
50.000 денари

1.9 Одржување на сајтот на Музеј и Кокино
20.000 денари


1.10 Конзервација на дел од мозаик во Меморијален центар АСНОМ во с. Пелинце
150.000 денари

1.11 Едукативна работилница за деца „Сподели богатство“
30.000 денари

1.12 Уредување и тековно одржување на локалитетот Кокино, село Кокино
50.000 денари

1.13 Интерактивна и технолошки осовремена презентација на нумизматичките збирки
50.000 денари

1.14 Тековно одржување на Меморијален центар АСНОМ Пелинце, село Пелинце и одбележување на празникот 2 Август
100.000 денари

1.15 Партизански одреди во Куманово 1941-1944
30.000 денари

1.16 „Кокино, 25 години подоцна“ (Јубилеј од повеќе проекти)
1.780.000 денари


II. Проекти од национален интерес во културата за 2026 година од областа на меѓународна соработка

1.1 Учество на Дејан Ѓорѓиевски на 25. Меѓународен конгрес на византолошки студии во Виена, Австрија
65.640 денари

1.2 Реализација на проект „Феноменот на ранохристијанските базилики со апсиди прилепени на градските бедеми“, во Тесалија, регион Волос, Грција
74.474 денари


III. Проекти од национален интерес во културата за 2026 година од областа на визуелни уметности, архитектура и дизајн

1.1 Ликовна колонија „Куманово 2026“
200.000 денари

1.2 „Кумановски ликовни уметници“
50.000 денари

1.3 Изложба на дела од ликовна колонија Куманово 2025
40.000 денари

1.4 LIVE VISUAL ART 2
50.000 денари

1.5 Самостојна изложба на Александар Симоновиќ
50.000 денари


IV. Проекти од национален интерес во културата за 2026 година од областа на инвестиционо одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема

1.1 Опремување на етнолошко одделение (компјутерска опрема)
100.000 денари


11.03.2026 година
Куманово

В.д. директор
Марија Живачки

 

Documents