Европски денови на културно наследство 2025
Целта на ставањето на фокусот на архитектурата е да се даде поширока претстава за значењето на зградите во пракса, како се тие направени, кому му користат и како ги одразуваат променливите потреби низ општествата.
По повод ,,Европски денови на културното наследство 2025, кои годинава се посветени на архитектурата, денеска илјадници згради и културни установи ширум Европа ќе ги отворат своите врати за посетителите, а ќе бидат организирани и туристички тури, изложби, работилници, претстави и дигитални перформанси.
,,Идентитетот на секој град, село и населено место низ Европа е обликуван од неговата архитектура. Таа дава значење и чувство на припадност на местата што ги нарекуваме дом’’ - изјави еврокомесарот за меѓугенерациска праведност, млади, култура и спорт Глен Микалеф, по повод одбележувањето на Европските денови на културното наследство.
Европските денови на културното наследство, НУ Музеј Куманово ќе ги одбележи со низа настани: ликовни работилници, изложби, едукативни тури, прикажување на етнолошки филмови и сл.
Агенда: