18-ти МАЈ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МУЗЕИТЕ

АГЕНДА ПО ПОВОД 18-ти МАЈ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МУЗЕИТЕ

16.05 (понеделник),2022година / почеток 19.30 часот

 Уметничка Галерија Куманово

  • Ретроспективно-монографска изложба на Димитар Стојчевски- експресионист според сликарскиот темперамент, а лиричар според својата душа.

Автор на монографијата и куратор на изложбата: Гоце Божурски

 

18.05 (среда),2022 година/ почеток 10:00 часот

Лапидариум на НУ Музеј Куманово

  • Промоција на едукативно видео “Нашето културно наследство”
  • Бесплатен влез во музеј за секој посетител

 

19.05 (четврток), 2022 година/ почеток 12:00 часот

Занаетчиски Дом, Куманово

  • Промоција на монографии „Добри Трендафиловски Добрин“, „Исени Реџаи“, „Ѓорѓе Шијаковиќ“ и „Димитар Стојчевски“ (објавени во рамките на ретроспективно-монографските изложби на уметниците) како и книгите „АртМемориам“ и „Наива“ (во која се опфатени триесеттина автори кои припаѓаат на нашата наивна уметност, од авторот Гоце Божурски.

 

20.05 (петок),2022 година/ почеток 11:00 часот

Занаетчиски Дом, Куманово

  • Промоција на Музејски гласник број. 12 и 13 по повод 55 години НУ Музеј Куманово (рецензен д-р Звонимир Николовски)
  • Промоција на монографии “Трајко Муфтински” (рецензент д-р Дафина Герасимовска) и “Цркви и манастири во Жеглигово” (промотор д-р Сашо Цветковски и д-р Звонимир Николовски), од авторот Славица Крстиќ.
  • Промоција на документарен филм од област на историја на уметност: “Ориентални влијанија на поствизантиските цркви во Кумановско” од авторот Валентина Андреиќ.