Home Uncategorized ЈАВЕН ОГЛАС Број 3/2022

ЈАВЕН ОГЛАС Број 3/2022

1240
0

Врз основ на член 20-г и 20 -д од Законот за вработени во јавен сектор (,,Службен Весник на Република Македонија,, бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и „Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19 и 14/20), и член 76-а и 76-ѓ од Законот за култура ( ,,Службен Весник на Република Северна Македонија,, бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12,  23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15,  39/16, 11/18 и 11/18 – Одлука на Уставниот суд на РМ, У.бр.196/2007 од 16.1.2008 год., објавена во „Сл. на РМ“ бр. 15/2008), одредбите од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, како и начинот на бодување во зависнот од категоријата и нивото на работното место за кое е објавен јавниот оглас бр.02-460 од ден 26.11.2018 година, Правилник за измена и дополнување на правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, како и начинот на бодување во зависнот од категоријата и нивото на работното место за кое е објавен јавниот оглас бр.02-73 од ден 25.02.2020 година,Правилник за пополнување на работни места за даватели на јавни услуги и лица од помошно-технички кадар бр.02-459 од ден 26.11.2018 година и Правилник за измена и дополнување на Правилник за пополнување на работни места за даватели на јавни услуги и лица од помошно-технички кадар бр.01-154 од ден 17.05.2022 година, Национална установа Музеј-Куманово објавува, Национална установа Музеј- Куманово објавува :

ЈАВЕН ОГЛАС

Број 3/2022

За вработување на неопределено време на кустос-археолог  во Национална установа Музеј- Куманово

1 (еден) извршител на работно место Кустос-археолог, со реден број 7 и шифра на работно место КУЛ  03 04 Д03 002.

Посебни услови: степен на образование за ниво Д03, 240 кредити по ЕКТС или VII/1 степен, вид на образование Археологија, работно искуство – до една година работно искуство.

Напомена:согласно Годишниот план за вработување на установата за 2022 година и Балансер, едно (1) вработување за работно место кустос-археолог е предвидено за албанец/ка.

Покрај горенаведените посебни услови предвидени во Правилникот за систематизација на работните места во Национална установа Музеј- Куманово со  архивски бр.01-222 од ден 18.08.2020 година, Правилникот за измена и дoполнување на Правилникот за систематизација на работни места во Н.У.Музеј-Куманово со архивски бр.01-62 од ден 02.03.2021 година,Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Н.У. Музеј- Куманово бр.01-117 од ден 13.04.2021 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Н.У. Музеј- Куманово бр.01-209 од ден 28.06.2021 година и Правилник за измена и дополнување на Правилник за систематизација на работни места во Н.У. Музеј- Куманово бр.01-155 од ден 17.05.2022 година, заинтересираните кандидати мора да ги исполнуваат и општите услови за вработување и тоа:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Распоред на работно време : Дневно работно време во траење од осум (8) часа со почеток во 08:30 и завршеток во 16:30 часот од понеделник до петок, неделно работно време во траење од 40 часа.Основна нето плата : 34.968 денари.

Рокот на доставување на пријавите со потребната документација изнесува петнаесет ( 15 ) дена сметано од денот на објавување на огласот.Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Пријавата за огласот може да се подигне во архивата на Н.У.Музеј-Куманово на ул.Доне Божинов бр.14 Куманово или да се превземе од интерент страна на музејот  www.kumanovomuseum.com.

пријава за оглас бр.3 археолог

Кандидатит се должни пријавата да ја пополнат во целост и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:

  • Уверение за државјанство
  • Уверение за општа здравствена способност за работно место
  • Потврда/Уверение дека не е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност и должност
  • Доказ за завршено соодветно образование/Диплома или уверение
  • Доказ за работно искуство

Пријавата со потребна документација кандидатите треба да ја достават до архивата на Национална установа Музеј- Куманово, секој работен ден од 09 до 15 часот во затворен плик со назнака за јавен оглас бр.3/2022 или по пошта на следнава адреса: Доне Божинов бр.24 Куманово со назнака за јавен оглас бр.3/2022. Кандидатите со пријавата треба да ги  достават доказите за усполнување на условите, во оргинална форма или копија заверена кај нотар. Ненавремени пријави и документација нема да бидат предмет на разгледување. За резултати од конкурсот, кандидатите ќе бидат известени по електронски пат.

Јавен оглас бр.3