Home Настани ЕВРОПСКИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 2022 ГОДИНА

ЕВРОПСКИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 2022 ГОДИНА

182
0

МОТО: Одржливо наследство

Европските денови на културнотo наследство претставуваат нajшироко прифатен партиципативен културен настан којшто го споделуваат граѓаните на Европа. Преку повеќе од 70 000 настани што се организираат во педесетте земји – потписнички на Европската културна конвенција, оваа сеевропска иницијатива има за цел да ја подигне свеста кај пошироката јавност за заедничкото – европско наследство. Во текот на повеќедецениската реализација, Европските денови на културното наследство пераснаа во најголем европски проект поврзан со наследството, којшто успешно ја промовира инклузивноста и ја поттикнува креативноста и имагинацијата на граѓаните на Европа.

Заедничката, сеевропска тема на овогодинешното одбележување, прифатена од Европските денови на културното наследство, ќе биде „Одржливо наследство“. Се предвидува централното одбележување во нашата земја да се организира во периодот од 22 до 28 септември 2022 година. 

НУ Музеј Куманово оваа година се вклучува кон оваа иницијатива со организирање на бројни настани со богата агенда:

22.09.2022 (ЧЕТВРТОК)

-Проекција на етнолошки филм “Мека душа за тврдо железо” од авторите Надица Петковиќ (виш кустос-етнолог) и Валентина Илијевска (виш кустос-етнолог), во просториите на Гимназија “Гоце Делчев” Куманово.

23.09.2022 (ПЕТОК)

– Проекција на документарни филмови од областа на историја на уметност “Ориентални влијанија на поствизантиските цркви во Кумановско” и “Двојните цркви во Кумановско од поствизантиски период XVI-XVII век” од авторот Валентина Андреиќ (виш кустос-историчар на уметност) , во просториите на Гимназија “Гоце Делчев” Куманово.

26.09.2022 (ПОНЕДЕЛНИК)

– Едукативни работилници ”Погледни во минатото, дизајнирај ја сегашноста” со ученици од ООУ Крсте Мисирков, Куманово

27.09.2022 (ВТОРНИК)

-Работна посета на вработени од НУ Музеј Куманово на локалитетот Царичин град, општина Лебане и Народен Музеј Лесковац.

28.09.2022 (СРЕДА)

– Едукативни работилници ”Погледни во минатото, дизајнирај ја сегашноста” со ученици од ООУ Кочо Рацин и ООУ Браќа Миладиновци,Кумаово

– Ретроспективно-монографска изложба на Крсто Славковски од авторот Гоце Божурски во 20 часот во Уметничка Галерија Куманово.

 

► ВЛЕЗ БЕСПЛАТЕН !

Претходна објаваНајава-Ретроспективно-монографската изложба на Крсто Славковски
Следна објаваРаботна посета на вработените во Народен музеј Лесковац